Бразил ја победи Колумбија и го обезбеди настапот во Катар

13

Фудбалската репрезентација на Бразил во изминатата ноќ го обезбеди својот настап на Светското првенство во Катар.

Бразилеците одиграа фантастични квалификации. Вчера во Сао Паоло ја победија Колумбија со 1:0, а голот на одлука беше дело на Лукас Пакета по асистенцијата од Нејмар. Бразил го обезбеди Мундијалот на шест кола пред крајот.

Пред „Кариоките“ настапот го обезбедија само уште Данска и Германија, како и Катар кој како домаќин автоматски се пласираше. За Бразил ова ќе биде 22. настап на мундијалите и тие се единствена селекција која играла на секој голем турнир.

Во останатите три натпревари Чиле го победи Парагвај со 1:0, со ист резултат Еквадор славеше со Венецуела, додека Перу со 3:0 ја декласираше Боловија.