Бранот на вработувања во администрацијата не стивнува – во моментот активни неколку огласи

293

Ред се редат огласи за нови вработувања на државни јасли. Во рок од само пет дена, голем број државни институции објавија дека бараат дури осумдесетина врботени, преку огласување на веб страната на Агенцијта за администрација. Претходно, од почетоков на овој месец, биле активни огласи за околу 30 работни места.

Платите што се нудат не се за потценување. Иако најниските се од 17 илјади денари, има и такви што достигнуваат и до 38.000 денари.

Меѓу огласите се и оние на Министерството за економија, министерството за правда, центарот за управување со кризи, Државен завод за индустриска сопственост, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, институтот за белодробни заболувања кај децата Козле Скопје, и други.

Дури 35 лица се бараат во Министерството за информатичко општество, каде платите ќе бидат меѓу 21 и 33 илјади денари. Управата за извршување санкции бара 18 лица, а ЈП за железничка инфраструктура да вработи тринаесетмина, кои ќе бидат платени од 18 до 28,5 илјади денари. Вработува и Центарот за управување со кризи. На оваа институција и требале осум работници, од кои некои ќе земаат и до над 32 илјади денари.

А министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, пред околу една недела изјави дека потребите за вработување ги дефинираат институциите, а не Министерството за информатичко општество и администрација. Огласи за нови вработувања се распишани и ќе продолжат да се распишуваат. Нема да се стопираат вработувањата заради изборите, бидејќи институциите имаат потреби. Тоа е жива материја, луѓе си одат и луѓе доаѓаат, порача Манчевски.