Брестовац објави поширок список, Македонија во познат состав на ЕП 2020!

7

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета на Европското првенство (ЕП) кое во 2020 година ќе се игра во повеќе земји.

На поширокиот список нема изненадувања, а скратениот список ќе следи пред стартот на подготовките на трофејот Карпати во Романија. До стартот на ЕП 2020 ќе се играат и пријателски средби со Црна Гора и Словенија.

На континенталниот собир Македонија е во група заедно со Австрија, Чешка и Украина, а првиот натпревар се игра на 10 јануари против Украина.