„Брза лента“ на аеродромите за истакнатите иселеници што имаат „МКарта“

9

 

Научници, лекари, бизнисмени и уметници со македонско потекло што живеат во странство, а се истакнале во својата сфера и ја промовирале Македонија во земјата во која работат, годинава, преку проектот МКарта, ќе можат на „брза лента“ со „итна безбедносната проверка“, да влегуваат на македонските аеродроми. Ваквата можност со што на поединци од странство со МКарта ќе им се даде привилегија на влез во Македонија, како на оние со дипломатски и службени пасоши, официјално ја претстави Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Планот е на истакнатите Македонци од странство, кои ќе имаат МКарта, да им се овозможат и други симболични поволности, како што е слободен влез на културни настани, музеи и галерии.

Досега МКарта добиле 69 наши државјани, припадници на дијаспората, велат од Министерството за надворешни работи од каде додаваат дека амбасадите и конзуларните претставништва на Македонија се оние кои се задолжени да ги детектираат истакнатите поединци, но изборот кој ќе биде носител на МКарта се реализирал во строго предвидена процедура.