Брисел и Приштина се за продолжување на дијалогот со Србија

6

Тачи и Борел се согласиле дека што побрзо треба да се формираат институциите во Косово.

Претедателот на Косово, Хашим Тачи имаше телфонски разговор со високиот преставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Тачи и Борел се согласиле дека што побрзо треба да се формираат институциите во Косово.

– Свесни сме дека не чекаат големи задачи и дека е потребно што побрзо да имаме нова влада, која ќе се соочи со предизвиците и ќе ги реализира меѓународните обврска кои ги има Косово – истакнал Тачи.

Претседателот Тачи побарал од ЕУ да ја исполни обврската за укинување на визите за граѓаните на Косово.

– Косово ги исполни сите услови. Парламентот и Европската Комисија препорачаа укинување на визите за Косово. Граѓаните на Косово со право чекаат одлука за нивно укинување – рекол во разговорот Тачи.

Тачи и високиот преставник ка ЕУ, Борел се согласиле од потребата за продолжување на дијалогот помеѓу Косово и Србија, како и за потребата за постигнување на конечен договор помеѓу Приштина и Белград, кое според него подразбира меѓусебно признавање.