Британија воведе санкции за Роман Абрамович, стопирана продажба на Челси

0

Британската влада воведе санкции и за сопственикот на Челси, Роман Абрамович. Тој се најде  меѓу седумтемина руски олигарси чии средства и имоти се замрзнати.

Министерството за финансии го опиша Абрамович како олигарх близок на Кремљ и Владимир Путин. Абрамович досега негираше дека има блиски финансиски врски со рускиот претседател или Кремљ. На листата санкционирани се најдоа и Игор Сечин, Олег Дерипаска и Дмитри Лебедев.

Челси истовремено доби посебна дозвола да продолжи со бројни активности поврзани со фудбалот, но продажбата на клубот е стопирана. Набргу по почнувањето на руската инвазија на Украина, Абрамович објави дека ќе го продаде Челси.