Британија воведува нови рестрикции за ковид – главниот експерт предупреди и на 50 000 нови случаи дневно

10

Новите ограничувања денеска преку јавно обраќање ќе ги соопшти премиерот Борис Џонсон.
Пабовите, баровите и рестораните низ цела Англија ќе може да работат само до 22 часот, а ќе се поттикнува работа од дома за сите чии работни обврски тоа го дозволуваат.

Ова се дел од новите рестриктивни мерки кои денеска напладен во обраќање до јавноста што ќе се пренесува во живо ќе ги соопшти британскиот премиер Борис Џонсон и кои ќе стапат на сила од четврток.

Причина за новите ограничувања е драматичниот пораст на бројот на заразени со ковид во земјата.

„Овие чекори се апсолутно неопходни затоа што стапката на инфекција се зголемува, бројот на пациенти во болниците се зголемува и мора да се дејствува “, изјави министерот Мајкл Гроув за Скајњуз во пресрет на обраќањето на Џонсон.

Рестрикциите, кои најмногу ќе се однесуваат на угостителските објекти, следуваат откако здравствените власти го подигнаа нивото на тревога од ковид -19, од трето на четврто ниво за Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс. Тоа подразбира висок или зголемен степен на пренесување на вирусот што како прв чекор бара одржување на физичко растојание.

Претставниците на услужните дејноти, кои најмногу ќе бидат погодени од мерката за ограничување на работното време, сепак сметаат дека е добро што не се воведува целосен карантин, иако Владата не исклучи таква можност за жариштата на заразата. Градоначалникот на Лондон Садик Кан за Скај Њуз изјави дека тој предлага 15 нови ограничувања во главниот град, меѓу кои здолжително носење маски на повеќе јавни места, забрана за одржување свадби и погреби и поттикнување на работата од дома.

Засега нема ограничувања на дружењата меѓу различни семејства, но и тоа е опција доколку состојбата не се подобри. За Северна Ирска ќе се водеде забрана за дружење меѓу различни семејства, а за Велс ќе има локални ограничувања. Патрик Валас, главниот експет и владин советник, на брифингот на владиниот кабинет изнесе шокантно предупредување дека доколку не се преземат мерки за намалување на актуелната стапка на зараза, во Британија ќе има и до 50 000 случаи на новозаразени дневно и по над 200 починати.