Британија работи на проверка на деталите за извештаите дека Русија користела хемиско оружје

1

Велика Британија „итно работи“ на проверка на деталите по непотврдените извештаи дека Русија користела хемиски агенси во напад во опколениот град од украинската војка во Украина, Мариупол рече британската министерка за надворешни работи.

Лиз Трус вели дека секоја потврдена употреба на такво оружје во Мариупол би била „бесмислена ескалација“ на војната.

Володимир Зеленски, претседателот на Украина, го искористи своето ноќно видео обраќање за да предупреди дека Русија може да употреби забрането хемиско оружје, но тој не рече дека тие веќе го сториле тоа.

„Го третираме ова со најголема сериозност“,рече Зеленски и додаде

„би сакал да ги потсетам светските лидери дека веќе е разговарано за можната употреба на хемиско оружје од страна на руската војска“.

Соединетите Американски Држави претходно соопштија дека ќе одговорат доколку Русија употреби хемиско оружје во Украина. Природата на одговорот ќе зависи од природата на употребата.