Британија ја одобри вакцината против ковид-19 на „Фајзер“, Имунизацијата почнува за неколку дена

20

Велика Британија стана прва земја на светот која ја одобрила широката употреба на вакцината против ковид-19, што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“. Британскиот регулатор соопшти дека вакцината, која обезбедува 95-процентна заштита од ковид-19, е безбедна за употреба.

Имунизацијата би можела да почне за неколку дена и вакцината прво ќе ја примат високоприоритетните групи, во кои спаѓаат жителите на старечки домови, луѓето над 80 години и здравствените лица.

Велика Британија има нарачано 40 милиони дози од оваа вакцина, што е доволно да се вакцинираат 20 милиони луѓе, бидејќи е потребно секој да прими по две дози. Првите дози ќе пристигнат во земјата во наредните неколку дена.

Ова е најбрзо развиената вакцина во историјата, имајќи предвид дека од концептот до реализацијата поминаа само 10 месеци. Вообичаено, развојот трае и цела деценија.

Од владата предупредуваат дека иако наскоро ќе почне вакцинирањето, луѓето треба да останат претпазливи и да продолжат да се придржуваат до воведените мерки.