Британија ќе плаќа отштета од 130.000 евра на лицата кои би имале нуспојави од вакцината

17

Британската Влада најави дека планира да плаќа отштета во висина од 130.000 евра на лицата кои ќе добијат тешки нуспојави од вакцината.

Министерството за здравство соопшти дека Ковид-19 ќе се додаде на листата болести во постоечката шема за исплата за штетност на вакцината како мерка за претпазливост, иако вакцините ќе се даваат само по строги проверка

Првиот контингент на вакцините на„Фајзер“ и „Бајонтек“ пристигнаа во Велика Британија. Од централниот магацин на непозната локација ќе бидат дистрибуирани до болничките центри низ државата, пренесува „Би-би-си“. Вакцините се произведени во Белгија, во Британија пристигнаа преку Ла Манш. Пред два дена Британија ја одобри вакцината и нарача 40 милиони дози, доволни за вакцинирање на 20 милиони луѓе..

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи се извини за изразениот сомнеж кон британските здравствени регулатори кои многу брзо ја одобрија вакцината „Фајзер“ против ковид-19.

– „Имаше недоразбирање и затоа жалам и се извинувам за тоа. Имам голема верба во работата на научната заедница и регулаторите во Велика Британија, не сакав да бидам сфатен дека постапката на британските регулатори е несовесна“,вели д-р Ентони Фаучи, епидемиолог.

Уште една вакцина се очекува да биде одобрена. Станува збор за Американската вакцина против Covid-19 на компанијата „Модерна“. Добра вест е дека последните истражувања покажаа дека вакцината произведува антитела кои траат 90 дена по вакцинирањето,. За сега заштитата од инфекцијата трае најмалку 3 месеци, а учесниците во истражувањето ќе бидат следени 13 месеци за да се испита заштитата од заразата и на подолг период, истакнуваат авторите на студијата.

Во меѓувреме првите 20 дози од руската вакцина „Спутник 5“ синоќа пристигнаа во Србија, Безбедносно информативната агенција ќе ги препрати на испитување во белградскиот Институт за вирусологија, „Торлак“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој рече дека вакцината Фајзер, која исто така побара регистрација, ќе биде тестирана. Зборувајќи за исправноста на вакцините, Вучиќ рече дека производителите се од „важни светски земји“ и дека „никој не би сакал да го труе народот“. Во Србија вакцините ќе бидат бесплатни но вакцинацијата нема да биде задолжителна.