Британската влада одобри тестирање на комбинација од вакцините на Фајзер и АстраЗенека

8

Научниците од универзитетот во Оксфорд, Велика Британија започнуваат проба за мешање на дози на две различни вакцини на COVID-19, во надеж дека може да се обезбеди уште еден начин за борба против коронавирусот, откако кон крајот на минатата недела проектот официјално доби поддршка и од владата на Велика Британија. Научниците се надеваат дека комбинирањето на дозите од вакцините на „AstraZeneca“ и „Pfizer“ може да обезбеди еквивалентна или подобра заштита во споредба со користење на две дози (вакцина и ревакцина) од еден исти производител.