Британски медиуми: Кралицата за две секунди го одбила барањето на принцот Хари

15

Британската Кралица Елизабета Втора не дозволи нејзиниот внук, принцот Хари да го положи венецот на церемонијата по повод Денот на сеќавање во ноември, а британските медиуми сега пишуваат дека таа наводно таа одлука ја донела за само две секунди.

Претставници на Бакингемската палата го спречија војводата од Сасекс да учествува на церемонијата, што го означува придонесот на британските војници во двете светски војни, но сега „Метро“ наведува дека интервенирала и самата кралица.

Според „Дејли меил“, таа го одбила барањето на Хари затоа што смета дека тој треба или да биде „внатре или надвор“ од кралската „институција“ и дека тој не може да избере.

Принцот и неговата сопруга Меган Маркл одлучија да не се враќаат од нивниот дом во Лос Анџелес на службата по повод Денот на сеќавање во ноември, поради пандемијата на коронарниот вирус. Наместо тоа, положија венец на гробовите на двајца војници на Комонвелтот на гробиштата во Лос Анџелес.

Хари, кој помина 10 години во војска, учествуваше на церемониите по повод Денот на сеќавањето 11 години. Оваа година венецот го положија принцовите Вилијам и Чарлс, а Хари сакаше да положи венец на негово име, што не беше прифатено.

Во тоа време, официјалните лица изјавија дека кралицата не знае за тоа, но сега извор изјави за Дејли Меил дека церемонијата на Денот на сеќавање е еден од најважните датуми во календарот на кралицата и дека таму ништо не се прави без нејзино знаење.

“Луѓето жалеа за реакцијата на Бакингемската палата на барањето на Хари. Но, тоа всушност беше одлука на кралицата”, рече изворот.