Бритни Спирс не е подготвена да се врати во музичката индустрија

17

Бритни Спирс сигнализираше дека сè уште не е подготвена да ѝ се врати на музиката по 13 години поминати под т.н. конзерваторски надзор што ѝ ја одзеде контролата врз личните и деловни работи и ѝ влеа страв од забавната индустрија.

Спирс (40), која минатиот месец беше ослободена од надзорот наложен од судот во 2008 година, во долгата објава на Инстаграм во понеделникот напиша дека во 2022 година ќе почне да прави работи што ја плашат, но постепено, по малку.

„Претпоставувам дека на повеќето им изгледа чудно зошто веќе не се ни занимавам со музика… Луѓето немаат поим за грозните работи што ми ги направија, и по сето она низ што поминав, се плашам од луѓето и од тој бизнис !!!“, напиша Спирс, која последен пат имаше јавен настап во октомври 2018 година.

„Да не се занимавам повеќе со правење музика е мојот начин да кажам F ** k You на начин кога тоа всушност му користи на моето семејство со игнорирање на мојата вистинска работа. Тоа е како потсвесно да сум им дозволила да победат“, додаде пејачката.