Бритни Спирс ќе сведочи против татко ѝ: Целосно сум трауматизирана

6

Пејачката Бритни Спирс (39) одлучи да проговори пред судот за нејзиниот татко и старателството што го има над неа.

Поп-sвездата ќе сведочи на суд против нејзиниот татко, кој веќе 13 години има контрола над нејзиниот живот, вклучувајќи го приватниот, професионалниот и финансискиот сегмент.

Имено, со одлука на судот и експертите, Џејми Спирс доби старателство над својата ќерка и оттогаш тој ги донесува сите одлуки во врска со неа и нејзината кариера.

Веста за нејзиното сослушување привлече големо внимание кај обожавателите ширум светот. Тие своевремено започнаа акција наречена „Ослободете ја Бритни“, верувајќи дека е загрозена и дека е во опасност.

Рочиштето беше закажано само еден ден откако беа објавени доверливи документи во „Њујорк тајмс“, со кои се докажува дека пејачката со години се противела на многуте овластувања што над неа ги имал нејзиниот татко.

Поп-sвездата досега не сведочеше на оваа тема, но беше застапувана пред судот од адвокат. Меѓутоа, токму нејзиниот правен застапник сега инсистира Бритни лично да ја раскаже својата страна на приказната пред институциите.