Брнабиќ: Досега се вакцинирани 438.000 луѓе

13

Во Србија до сега се вакцинирани 438.000 луѓе, соопшпти денес премиерката на таа земја Ана Брнабиќ.

Таа наведе дека Србија по стапката на вакцинирање е апсолутно прва во регионот и втора во Европа.

Брнабиќ истакна дека ќе има доволно дози за ревакцинација, затоа што при доаѓање на секој контингент вакцини, веднаш една половина се трга на страна.

Премиерка Брнабиќ најави и дека на почетокот на неделата ќе биде потпишан нов договор за набавка на 11 милиони вакцини.

„Во понеделник или вторник ќе потпишеме додатен договор за 11 милиони вакцини“, најави премиерката.

Инаку денес во Србија е ден за пауза од вакцинирање, за да може да се дезинфицираат просториите каде што се врши вакцинацијата, пишува „Б92“.