Брнабиќ: Не ја исклучувам можноста државата да воведе најтешки мерки вечерва

14

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, не ја исклучува можноста земјата вечерва да воведе подрастични, „најтешки“ мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Брнабиќ рече за „Пинк“ дека голем број граѓани вчера не ги сфаќале сериозно препораките и мерките на Владата и додаде дека се чини дека ситуацијата денес е подобра, но дека не е ни приближно добра.

„Не ја исклучувам можноста вечерва да донесеме одлука за порастични, најтешки мерки, особено за постарите граѓани.“

Таа рече дека состојбата со коронавирус во Србија е комплицирана.

„Имаме комплицирана ситуација од ден на ден. Ние продолжуваме да го одржуваме ова под контрола благодарение на превентивните мерки што ги воведовме. Благодарние на групата епидемиолози и инфектолози кои ги собра претседателот Александар Вучиќ пред првиот заразен пациент, изјави премиерката.

Брнабиќ рече дека е потврдено дека 65 лица биле заразени со коронавирусот, додавајќи дека 31 лице биле во домашна изолација, додека другите биле на болничко лекување.