Брод со 20 заразени со Ковид-19 ставен во карантин во пристаништето во Атина

Според истите информации, станува збор за бродот „Елефтериос Венизелос“ во сопственост на грчка бродска компанија, а бил најмен на почетокот на март да пренесе морски работници од Турција во Шпанија.

18

Бродот, за кој вчера беше соопштено дека има 20 позитивни случаи на Ковид-19 од вкупно 383 патници и членови на екипажот, е ставен во карантин на атинското пристаниште Пиреас, објави весникот „Катимерини“.

Според истите информации, станува збор за бродот „Елефтериос Венизелос“ во сопственост на грчка бродска компанија, а бил најмен на почетокот на март да пренесе морски работници од Турција во Шпанија, но и да служи како хотел на вода за нивно сместување, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради појава на коронавирусот на бродот, била донесена одлука бродот да остане во Атина, а како што пишува „Катимерини“, повикувајќи се на извори од грчката крајбрежна служба, првиот позитивен случај бил регистриран на 28 март.

За 20-те случаи на Ковид-19 кај патниците од бродот вчера информираше претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис.