Бројката жртви од коронавирусот во Кина достигна 1.523 луѓе

13

Бројот на потврдени нови случаи на зараза со новиот сој коронавирус COVID-2019 во континенталната Кина достигна 66,492 лицам, од кои 1.523 починале, а 8.096 се излекувани и испуштени од болнциите, се наведува во најновиот извештај во саботата на кинескиот државен комитет за здравствени прашања.

„Државниот здравствен комитет добил од 31 провинции (региони, градови под централна подреденост) информација за 66.492 потврдени случаи на инфекција со пневмонија, предизвикана од новиот тип коронавирус, вклучително 56.873 лица кои во моментов се болни (11.053 се во сериозна состојба), 8.096 лиѓе се отпуштени од билиницте а 1.523починаа“, се вели во соопштението на државната комисија издадено ноќта кон саботата по македонско врем.

Одделно, во Хонгконг се регистрирани 56 случаи на зараза, еден пациент од нив починал, а еден закренпал, во Макоа се регистриронаи 10 заболени од кои тројца веќе ги напуштиле болниците, а 18 лица се заразени на Тајван (кого Пекинг го смета за одметната своја територија, островот кој е под патронат на САД), каде еден пациент е излечен.

Во моментов повеќе од 169.000 лица, коишто имале близок контакт со болните, се ставени под медицински надзор.

Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се 2.641 нови случаи на заразата, 1.373 лица се отпуштени од болнциите, а 143 лица починале, додека бројот на пациентите во сериозна состојба се зголеми за 849 лица за еден ден.

Меѓу регионите, централната провинција Хубеи која е епицентарот на епидемијата, е на првото место според бројот на заразените лциа, каде што се регистрирани повеќе од 54.400 лица, од кои починале 1.457 луѓе, а закрепнале 4.774 пациенти. Следи јужната провинција Гуангдонг, каде што се разболеле повеќе од 1.200 луѓе, следат централната провинција Хенан и источната процинција Жеџијанг во кои се регистрирани по 1.100 заразени луѓе.

Во кинеската престолнина Пекинг, заклучно со петокот, бројот на заразените изнесува 372 лица, од кои 80 се веќе отпуштени од болнциите, а починале тројца пациенти. Во северниот град Хелонгџианг, бројот на смртните случаи од пневмонија достигна 11 лица, а бројот на заразените во текот на целата криза достигна 419 од кои 47 пациенти се излечени.