Бројот на жртвите во Виена се искачи на пет

16

ВИЕНА – Стотици полицајци ја крстареа Виена во вторникот, во потрага по сторителите на нападите во кои загинаа пет лица во центарот на градот, по, како што рече владин министер, „исламскиот терористички“ инцидент.

На телевизиска прес-конференција во раните утрински часови, министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, ги повтори повиците јавноста да не излегува на улиците.

Нехамер рече дека полицијата убила еден напаѓач, човек кој носел појас со експлозив, што се покажал лажен, а властите го идентификуваа како симпатизер на Исламска држава.

Полицијата во вторникот потврди дека тројца цивили – двајца мажи и една жена – биле убиени во нападите, со најмалку 15 ранети, меѓу кои и еден полицаец. Радиодифузерот ОРФ подоцна соопшти дека починал и четвртиот цивил, жена.

Портпарол на полицијата изјави дека биле повикани засилувања од соседните држави и дека најмалку 1.000 полицајци биле вклучени во потрагата.

„Доживеавме напад вчера вечерта од најмалку еден исламистички терорист, ситуација што не сме ја доживеале во Австрија со децении“, рече Нехамер.

„Австрија повеќе од 75 години е силна демократија, зрела демократија, земја чиј идентитет е обележан со вредности и основни права, со слобода на изразување, владеење на правото, но и толеранција во човечкиот соживот“, рече тој. „Вчерашниот напад е напад врз овие вредности“.

Напаѓачот убиен од полицијата и други потенцијални вооружени лица, нападнаѐ шест локации во центарот на Виена во понеделникот вечерта, почнувајќи пред влезот на главната синагога. Сведоците опишаа мажи како пукаат во гости во барови со автоматски пушки, бидејќи многу луѓе ја искористија последната вечер пред воведувањето на полициски час во целата земја поради Ковид-19.

Нехамер рече дека за време на претресот бил запленет видео материјал од домот на познатиот напаѓач, а полицијата ги истражува неговите потенцијални врски.

Новинската агенција АПА објави дека биле извршени претреси во повеќе домови и апсења, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи. Шефот на полицијата во Виена одби да даде дополнителни детали за идентитетот на напаѓачот, наведувајќи го потенцијалното загрозување на истрагата.

Полицијата запечати голем дел од историскиот центар на градот преку ноќта, повикувајќи ја јавноста да се засолни. Многумина побараа засолниште во барови и хотели, додека јавниот превоз низ стариот град беше затворен.

Оскар Дојч, раководител на еврејската заедница во Виена, која има канцеларии во соседството на синагогата во тесната калдрмисана улица, прошарана со барови, на Твитер изјави дека не е јасно дали храмот или канцелариите биле мета, но дека тие биле затворени во тоа време.

На социјалните мрежи кружеа видеа од вооружено лице како трча по улица, пука и вика.

Главниот град на Австрија беше поштеден од смртоносните напади на милитантите што ги погодија Париз, Лондон, Берлин и Брисел, меѓу другите, во последните неколку години. Австрија е дел од Глобалната коалиција за пораз на ИСИС предводена од САД формирана во 2014 година.

Излегоа сочувства од целиот свет, а највисоките претставници од Европската унија, Франција, Норвешка, Грција и САД го изразија својот шок од нападите.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку твит рече дека „нашите молитви се со народот во Виена по уште еден грозен терористички чин во Европа“.

„Овие злобни напади против невини луѓе мора да престанат. САД стојат заедно со Австрија, Франција и цела Европа во борбата против терористите, вклучително и радикалните исламски терористи“.

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден го осуди овој, како што рече, „ужасен терористички напад“, додавајќи: „Сите мора да стоиме обединети против омразата и насилството“. (Ројтерс)