Бројот на жртвите од стампедо на музичкиот фестивал во САД се искачи на девет

20

Бројот на жртвите од стампедо на музичкиот фестивал „Астроворлд” во Хјустон се искачи на девет, откако почина 22-годишна студентка од Тексас, соопшти адвокатот на семејството.

Барти Шахани им подлегна на „страшните повреди” здобиени за време на концертот на раперот Тревис Скот.

Студентката на Универзитетот во Тексас А&М била на апарати за одржување во живот, изјави адвокатот Џејмс Ласитер, пренесе Гласот на Америка.

Десетици луѓе беа повредени во стампедото на 5 ноември, за кое сè уште не се знае како настанало.

Меѓу загинатите се и тинејџери на возраст од 14 и 16 години.