Бројот на заразени со коронавирус во Македонија надмина 5.000 лица

Бројот на заразени со коронавирус во Македонија до вчера изнесува 5.005 лица. Во моментов активни се 2.868 случаи, оздравени се 1.904, а починати 233 лица.

60

Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања. На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 101 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 5 лица.

Од активните 1.904 дури 1.653 случаи се од Скопје, што го прави главниот град најголемо жариште на ковид-19 во моментов. Зад Скопје се Куманово со 229 и Штип со 207 активни случаи.

Според последната статистика во скопските општини, седум скопски општини веќе бележат троцифрени бројки на активно заразени лица. На врвот на листата се уште е Чаир со 363 позитивни случаи, а зад оваа општина се Аеродром-129, Бутел – 133, Гази Баба – 148, Центар-126, Карпош – 115, Сарај – 125.