Бројот на излекувани од коронавирус во Македонија надмина 6.000 лица

45

Бројот на излекувани пациенти од коронавирус во Македонија надмина 6.000 лица.

Согласно, вчерашните податоци за 24 часа оздравеле уште 89 пациенти, со што бројот на излечени од почетокот на пандемијата во земјата, до денеска, изнесува 6.020 лица.

Инаку, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја е 10.617, а на починати е 480 лица.

Во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117. Најголем дел од нив се од Скопје (1.814), Штип (441), Куманово (296), Гостивар (258) и Тетово (228).