Бројот на починати во Австралија надмина 400

10

Бројот на починати од Ковид-19 во Австралија надмина 400, со рекордни 25 нови смртни случаи во државата Викторија.

Новите 25 починати го зголемија бројот на смртни случаи на 421. Три од четири смртни случаи се во Викторија, која е епицентар на вториот бран на заразата во Австралија.

Здравствените служби на сојузните држави објавија дека во последните 24 часа забележани се 282 нови случаи на зараза. Бројките покажуваат дека се случува забавување на ширењето на вирусот, откако во главниот град Мелбурн беа воведени строгите рестриктивни мерки.