Брус Вилис ќе се повлече од актерството поради когнитивна болест

25

Брус Вилис, ѕвездата на култниот серијал „Умри машки“ и на десетици други акциони филмови, се повлекува од актерството по дијагностицираната афазија, болест што ги попречува неговите когнитивни способности, објавија медиумите во средата цитирајќи соопшение на неговото семејство.

„Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“, се наведува во соопштението на семејството.

Вилис (67) се прослави во ТВ-серијата од 80-тите – Moonlighting („Случајни партнери“) и глумеше во 100-ина филма во текот на својата четиридецениска кариера добивајќи признанија за улогите во Pulp Fiction („Евтини приказни“) и The Sixth Sense („Шесто сетило“). Има освоено „Златен глобус“ и две награди „Еми“.

Но, Вилис е можеби најпознат по улогата на тврдоглав њујоршки полицаец кој гони лоши момци во петте филма „Умри машки“, објавени од 1988 до 2013 година.