Бугарија од денеска го признава кратко име, Петков го почитува македонскиот јазик

10

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на својата прва средба со својот бугарски колега Кирил Петков во Скопје објави дека од денеска како прв чекор во новата ера на добрососедски односи Бугарија го прифаќа краткото уставно име на Македонија.

– Македонците и Бугарите се два блиски и пријателски народи, денеска се согласивме дека влегуваме во интензивна динамика на преговорите. Бугарија од денеска го прифаќа краткото име Северна Македонија подеднакво како Репувлика Северна Македонија. Бугарија нема да ја кочи повеќе употребата на краткото име меѓунардно. МНР испрати вербална нота во ОН во која се потврдува дека двете имиња се еднакво валидни и дека тоа нема никаква имплицација врз територијалниот интегритет на Бугарија, рече Ковачевски.

За македонскиот премиер ова претставува прв поголем чекор во, како што вели тој, „нашето ново поглавје“.

– Следно е да го финизализираме договорот за прекугранична соработка. Граничниот премин Клепало треба да го отвори потенцијалот за туризам и трговија. За само една недела на 25 јануари ќе се одржи заедничка седница на двете Влади на која ќе договориме други соработки и формирање работни групи кои ќе работат на зголемување на довербата со заеднички проекти и активности, додаде тој.

За комисијата за историско образовни прашања, Ковачевски рече дека таа има свој план и врз основа на сработеното ќе треба самите да информираат што е договорено и на каква методологија тоа го договориле.

– Кога станува збор за јјазиците, ние сме држава која е признаена од Бугарија и која во своето уставно уредување го има македонскиот јазик, ние имаме билатерални договори со Бугарија со официјалните јазици. Нашиот јазик е дел од Повелбата на ОН и од другите мултилатерални организации во кои ние членуваме. Сите овие прашања кои се однесуваат во историските делови ќе бидат во втор план, а во прв план ќе биде зближувањето на граѓаните и соработката, што ќе ни даде и доволно аргументи за финалниот договор со Бугариоја за тргнување на блокадата, вели Ковачевски.

Работните групи ќе се фокусираа на инфраструктурата, економијата, трговијата, иновациите, културата.

– Тие работни групи не се направени за некого да контролираме и да му даваме задачи. Во работните групи нема да учествуваат само политичари, туку и репрезенти на тие сектори. Ќе има размена на студенти, стопанските комори ќе соработуваат на ниво на претставници на индустриите. Трговската размена не е на ниво на кое треба да ја имаат две соседни држави. Динамиката ќе биде на седумдневно ниво а самите групи ќе ја информираат јавноста за тоа што е постигнато. Јас лично се надевам дека членовите на историската комисија ќе инфомираат заеднички што е договорено и дека тоа ќе биде мост кон иднината, брифираше македонскиот премиер.

Петков, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека го почитува македонскиот јазик и „самоопределувањето“ на македонските граѓани.

– Бугарија е првата страна која ја призна независноста на Северна Македонија и ние го поддржуваме самоопределувањето на македонскиоте граѓани и македонскиот јазик. Сложни сме дека добрососедството треба да има друга дефиниција во однос на досегашната, рече Петков на заедничката прес-конференција на Ковачевски.

Како еден од првите чекори за добрососедство тој го посочи примерот со директната авио-линија Скопје-Софија. Петков тврди дека така помеѓу двата главни града ќе се патува за 20 минути.

– Верувам во реални решенија кои може да се достигнат. Линијата Скопје – Софија ќе биде реалност. И двајцата сме многу решени да продолжиме по патот по кој тргнавме. Од 25 јануари секоја од групите ќе се сретнува со јасни цели и јасни резултати. Од Скопје до Софија ќе се патува за 20 минути, истакна Петков.

Тој додаде дека во следниот период групите ќе работат по точен календар во следните неколку месеци со конструктивен дијалог.

– Работните групи ќе се фокусираат на конкретни резултати и сите вие ќе ги видите тие резултати, порача Петков пред медиумите.