Бугарија побарала од Македонија да потпише документ со гаранции

55

Бугарија побарала од Македонија да потпише анекс или протокол во кој Софија добива гаранции дека Скопје ќе го почитува Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година и нема да се обиде да го заобиколи. Некои од темите во него треба да бидат за проблемите на јазикот, идентитетот и историјата, рехабилитацијата на репресираните. Ова за бугарската телевизија Нова ТВ го изјави вицепремиерот и лидер на ВМРО Красимир Каракачанов, објави бугарскиот весник „Дневник“.

Вчера, Каракачанов учествуваше во разговори со македонска владина делегација што пристигна

Вчера во Софија се одржа самитот на Берлинскиот процес со копретседателство на двајцата премиери, Бојко Борисов и Зоран Заев. Иако темата за интеграција на Македонија не беше поврзана со агендата на мултилатералниот состанок, од зборовите на Каракачанов беше јасно дека разговорите за ова започнаа во 10 часот и завршија во 17 часот, наведува „Дневник“.

Каракачанов во разговорот за телевизијата уверуваше дека позициите на премиерот и на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов и на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, се совпаѓаат целосно со позицијата на коалицискиот партнер „Обединети патриоти“, чиј член е неговата партија ВМРО. Тој додаде дека имало уште неколку дена и дека Бугарија ќе продолжела да помага во европската интеграција на Северна Македонија, дури и ако не се донесе рамката за преговори. Иако не е јасно како ќе ја помога ако го блокира отпочнувањето на преговорите.