Бугарија: Само што почна електронскиот попис, веднаш го хакираа

19

Хакери го нападнаа Пописот што утрово почна да се спроведува во Бугарија, соопштија од тамошната Влада.

Во моментот се спроведува електронско попишување кое започна рано утрово, а за оние кои не можат да се попишат електронски попишувачите низ домовите ќе тргнат на 18 септември.

Како што пренесува Стандарт, Владата соопштила дека очекува нападот за кратко време да биде надминат.

-Имаме заштита на четири нивоа и не постои опасност од протекување податоци, велат од Владата.

Како што објавува Стандарт, ИП адресите на хакерите веќе се откриени, а нападот е спречен на првото ниво на заштита.

Шефот на Безбедносната служба во Бугарија, Сергеј Цветарски, пак, рече дека многу често ваквите хакерски напади не се злонамерни, туку едноставно некој има за цел да ги покаже своите хакерски способности.

-Очекуваме уште напади, но не ги сфаќаме како злонамерни. Се андеваме нема да бидат успешни. Презедовме такви мерки, додаде Цветарски, а пренесува Стандарт.