Бугарија сè уште е еден од главните канали за шверц на хероин во Европа

19

Бугарија и натаму е еден од трите големи канала за шверц на хероин од Турција кон Западна Европа, изјави Тихомир Безлов од бугарскиот Центар за истражување на демократијата.

Тој смета дека новиот извештај за европскиот пазар на забранети супстанци, подготвен од Европскиот центар за набљудување на наркотиците и полициската служба Европол, не нуди ништо ново.

Безлов објасни дека главниот проблем кај европските држави е што, за разлика од САД, тие не се обидуваат да ги ограничат испораките во Латинска Америка – немаат свои специјални служби, кои ќе работат кај испорачувачите, поради што значително е ограничено нивното влијание врз испораките.

Според него, проблемот е во недостигот на единствени служби за таа цел и во финансирањето. Аналитичарот забележува дека кај хероинот се покажува пад на потребите на консументите, со долгорочна тенденција. Се намалува и фаќањето на пратки со хероин, за разлика од кокаинот, кај кого се забележува раст на побарувачката.

Тој посочи дека Бугарија оделила значителни ресурси за ограничување на шверцот на хероин, а имало и години кога запленувала и до два тона од овој тип дрога.

Во периодот 2009-2010 година, меѓутоа, цариниците и полицијата пренасочиле голем дел од своите ресурси кон решавање на кризата со незаконскиот транспорт на цигари, што директно го оштетувал буџетот. Од овие причина, според податоците на Безлов, запленувањата опаднале до едвај 200-300 килограми годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без