Бугари од Албанија се жалат во Софија: С. Македонија има претензии кон бугарското малцинство

20

Северна Македонија има претензии за области каде што е концентрирана бугарската дијаспора во Албанија, велат албански државјани кои се декларираат како Бугари. Тие во гостување во студиото во бугарската државна телевизија БНТ побараа итна средба со бугарскиот претседател Румен Радев.

Албанските Бугари се жалат дека на нив се префрла бугарско-македонскиот спор. Во Голо Брдо и Гора, тврдат тие, е сконцентрирано бугарското малцинство, признато од Парламентот во Тирана во 2017 година, но организации блиски до Скопје тврделе дека населението во овие области е македонско.

„Бугарската заедница во Албанија со векови живее во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Кукушка Гора. Поделбата на Голо Брдо и Гора во посебни општини ќе му овозможи на тамошното компактно бугарско население полесно да привлекува инвестиции, да го докаже своето бугарско потекло и да побара помош од Бугарија. Наша територија – сите патишта се земјени патишта, немаме ниту еден пат со асфалт. Многу е тешко да се влезе на нашите територии. Немаме ниту еден пратеник. А во општините немаме претставник од нашиот народ“, вели Хаџи Пируши од здружението „Просперитет“ во Голо Брдо.

Претставниците на бугарските здруженија велат дека бугарската заедница не била регистрирана во ниту еден албански документ, а на припадниците на бугарската заедница им било барно да го докажат потеклото врз основа на извод од матична книга на родените.

„Порано Голо Брдо беше самостојна општина, односно во изводот на родените пишуваше дека личноста е родена таму, а бидејќи се работи за компактно бугарско население, односно таму освен Бугари нема други луѓе. беше многу лесно да се утврди бугарското потекло на дотичниот кандидат. Сега, кога се ликвидирани овие општини, ни се губи секаква трага чисто административно“, рече во емисијата професорот од Институтот за население и хуманитарни истражувања при БАН, Спас Ташев.

Во октомври следува попис во Албанија, а паралелното движење со прашањето за поделба на општините, сепак, е загрозено од тамошните организации на Македонците, кои имаат свој пратеник.

„Васил Стерјовски е човекот кој тврди дека во Албанија има само Македонци, а не Бугари, а Софија ја бугаризира Тирана. Стеровски сака јасно да стави до знаење дека општините Голо Брдо и Гора имаат македонско население. Од објавите на социјалните мрежи дури е јасно дека тој ја обвинува нашата земја за вештачки создавање заедници, што предизвикува потсмев кај луѓето таму. Но, нашите сонародници сакаат Бугарија да направи повеќе за своето тамошно малцинство, особено со оглед на македонската пропаганда која функционира со години“, вели новинарот во прилогот на БНТ посветен на „бугарското малцинство во Албанија“.

„На Бугарите им треба поддршка – особено за бугарските училишта. Имаме неколку илјади Бугари од Албанија кои високото образование го завршиле во Бугарија. Овие луѓе можат да бидат мост на соработка. Има многу опции, но некој мора да ја координира оваа активност за Бугарија да може заштита на своите сонародници“, вели Ташев.