Бугарски воен брод за научни истражувања отплови од Варна кон Антарктикот

37

 

Првиот бугарски воен брод за научни истражувања „Св. Свети Кирил и Методиј“ денеска отплови од Варна кон Антарктикот.

Свеченоста за неговото испраќање беше на Поморската станица. Предводник на 31-та бугарска експедиција на Антарктикот е проф. Христо Пимпирев.

Меѓу нивните задачи ќе биде да го истражат дното околу островот и присуството на флора и фауна во нив. Бугарските истражувачи ќе продолжат да ја истражуваат земјата за наоѓалишта на минерали.

Капетан на бродот е Николај Данаилов, а екипажот го сочинуваат 26 лица, меѓу кои има и тројца кадети од Вишата поморска школа во Варна. Патувањето ќе биде околу 130 дена, а 40 дена ќе бидат потребни за да се стигне до островот Ливингстон. Работата на експедицијата ќе ја следат тројца новинари од бугарските медиуми. Бродот „Св. Кирил и Методиј“ е во сопственост на конзорциум чии членови се Вишата поморска школа на Бугарија, Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и Бугарскиот антарктички институт.