Бугенвил – најмладата држава во светот?

14

Жителите на пацифичкиот остров Бугeнвил на историски референдум гласаа за независност од Папуа Нова Гвинеја, објави Комисијата за референдум.

Гласањето на 250.000 жители беше клучен дел од мировниот договор во 2001 година, со кој заврши граѓанската војна во која загинаа 20.000 луѓе.

Шефот на комисијата Берти Ахерн рече дека од вкупно 181 067 граѓани кои излегле на референдумот, само 3043 гласале да останат во Папуа Нова Гвинеја, но со поголема автономија.

На референдумот излегле 85 проценти од населението, што е рекорд во Папуа Нова Гвинеја, рече Берти, поранешен ирски премиер кој одигра клучна улога во мировниот процес во Северна Ирска.

Наречен по француски истражувач, Бугeнвил беше под австралиска власт 60 години, а од 1975 година е дел од Папуа Нова Гвинеја.