Букер во финишот повторно го расплака Дончиќ: Шести пораз во низа за Мавс

6

Феникс со 109-108 славеше на гостувањето кај Далас во рамки на НБА-лигата.

Херој на Санс беше Девин Букер, кој постигна тројка во последните моменти од средбата и го постави конечниот резултат за да му го нанесе на ривалот шестиот пораз во низа. Ветеранот Крис Пол беше лидер на Феникс со 34 поени, а му недостигаа по еден скок и асистенција за да запише трипл-дабл. Кај Маверикс, очекувано најдобар беше Лука Дончиќ со 25 поени.

Лос Анџелес лејкерс на гостински терен славеше со 107-99 кај Атланта. Ентони Дејвис имаше 25 поени, додека Леброн Џејмс постигна 21 за шампионот. Тре Јанг со 25 поени и 16 асистенции најмногу се истакна кај Хоукс.

Хјустон со 136-106 ја совлада Оклахома на гостински терен за шеста победа по ред. Рокетс одиграа неверојатна прва четвртина во која постигнаа дури 48 поени и 11 постигнати тројки со што го израмнија НБА-рекордот. Ерик Гордон беше лидер на тимот со 25 поени, додека Џон Вол и Кристијан Вуд постигнаа по 18 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Мајами – Шарлот 121-129 (пп)
Чикаго – Њујорк 110-102
Кливленд – Минесота 100-98
Милвоки – Портланд 134-106
Њу Орлеанс – Сакраменто 109-118
Сан Антонио – Мемфис 102-133