„Букинг“ отпушта 4.000 вработени

10

– Кризата со Ковид-19 ја уништи туристичката индустрија и ние сè уште го чувствуваме влијанието затоа што обемот на патувања продолжува значително да се намалува“, велат од „Букинг“.

Откажувањето на голем број патувања и затворањето на земјите ширум светот предизвикаа пад во работењето на компанијата „Букинг холдингс“, а со тоа и пад во приходите, па компанијата сега е приморана да испушти од работа дел од своите вработени.

Според пресметките компанијата планира да отпушти една четврина од своите работници или околу 4.000 вработени во „Booking.com“, а процесот на отпуштање предвидено е да започне од септември во консултација со синдикатите, претставниците на вработените и другите релевантни организации.

– Кризата со Ковид-19 ја уништи туристичката индустрија и ние сè уште го чувствуваме влијанието затоа што обемот на патувања продолжува значително да се намалува“, велат од „Букинг“.

Од таму додаваат дека иако направиле многу за да спасат што е можно повеќе работни места, сепак веруваат дека треба да ја реструктуираат организацијата.

Конгломератот поседува голем број веб-страници вклучувајќи „Booking.com, Kayak, Priceline и OpenTable“, кои се погодени од падот на патувањата.