Бучковски: Мојата улога е дополнително да се засилат нашите редови во преговорите

13

„Убедени сме дека може да дојдеме до заеднички прифатливо решение, нема да бидеме понижени, нема никој да дозволи да се загрози нашиот идентитет. Нам ни се брза, но објективно треба да најдеме излезни решенија заради стравувањата на Софија дека не постојат доволно механизми кои гарантираат имплементација на Договорот за добрососедство и соработка. Мојата улога е дополнително да се засилат нашите редови во преговорите, со моето присуство во Софија да се обидеме да се подготвиме да најдеме излезно решение. Мислам дека сме близу, се даваат шанси. И Меркел тоа го изјави, дека има надеж“ – рече специјалниот преговарач на Владата во преговорите со Бугарија, екс-премиерот Владо Бучковски во Студио 10 на ТВ24.