Бјелица погоди тројка со звукот на сирената и го замолче Хјустон (ВИДЕО)

6

Кошаркарите на Сакраменто кингс синоќа во фантастичен меч победија против Хјустон рокетс со 119-118, а мечот го реши Немања Бјелица со тројка во последната секунда.

Од самиот почеток беше забележан израмнет меч и екипите постојано го менуваа водството. По првата четвртина Сакраменто водеше со 32-28, додека на полувреме Хјустон замина со 64-59.

Сепак, Сакраменто не му дозволи на Хјустон да направи голема предност, па до самиот крај на мечот гледавме возбудлив меч, а неколку секунди пред крајот Хјустон имаа водствоод 118-116.

И потоа во последниот напад Бјелица погоди тројка за конечни 119-118 и нов триумф за Сакраменто сезонава во НБА-лигата.

Најдобар кај Сакраменто беше Бади Хилд со 26 поени, додека Бјелица постигна 17. Кај Хјустон најмногу се покажа Вестбрук со 34 поени, а Харден додаде 27.

Резултати:

Индијана – Клиперс 99-110
Бостон – Кливленд 110-88
Чикаго – Торонто 92-93
Милвоки – Орландо 110-101
Њу Орлеанс – Детроит 103-105
Финикс – Минесота 125-109
Јута – Оклахома 90-104
Голден Стејт – Мемфис 102-110