БЈЕЛОГРЛИЌ ПРЕТЕПАЛ КОЛЕГА Судот одлучи да му се суди во Белград

11

Врховниот касационен суд одлучи да му суди на српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ во Белград.

Врховниот касациски суд заклучил дека е основан предлогот на судија поединец на Основниот суд во Ниш, кој предложил предметот против Бјелогрлиќ, обвинет за насилничко однесување кон неговиот колега Драган Антонијевиќ, да биде делегиран во Првиот основен суд во Белград.

Да потсетиме, Бјелогрлиќ беше уапсен на 23 август поради насилничко однесување, за што е пропишана казна затвор од шест месеци до пет години.

Основното јавно обвинителство Ниш покрена обвинителен акт против Драган Бјелогрлиќ за сторено кривично дело насилничко однесување чл.344 ст.2 од Кривичниот законик и предложи казна затвор од шест месеци – потврдија во оваа правосудна институција.

По налог на обвинителството му е одредена мерка притвор до 48 часа, а ден подоцна е пуштен на слобода.

Конфликтот се случил во кафулето на хотелот „Амбасадор“ во центарот на Ниш, каде престојувале гостите на актерската манифестација „Филмски средби“. Предраг Гага Антонијевиќ околу четири часот наутро се јавил во полиција и рекол дека Бјелогрлиќ го претепал. Тој рекол дека седел во кафе бар кога му пришол Бјелогрлиќ, со кого претходно бил во лоши односи и со кој се расправал и без никаква причина му задал два удари во главата.