Вакцината нема да биде задолжителна, граѓаните прво ќе се едуцираат

24

Министерството за здравство е свесно дека околу вакцинацијата постоја различни мислења и теории кои се шират низ социјалните мрежи, токму поади тоа се подготвува кампања за едукација и за информирање на граѓаните. Оваа вакцина нема да биде задолжителна и граѓаните сами ќе одлучат дали ќе ја примат или пак не.

„Ќе обезбедиме релевантни информации за да ги информираме граѓаните за вакцината, за самите да одлучат дали ќе се вакцинираат или не“, велат од Министерството за здравство.

Сега, кога вакцината е одобрена и земјите се подготвуваат за вакцинацијата, владите низ светот се соочуваат со дилемата дали ако е мал бројот на луѓе кои ќе се вакцинираат доброволно, треба да воведат задолжителна вакцинација. Кај нас на оваа тема сè уште не се размислува. Од Министерството за здравство велат дека остануваат на ставот оти вакцинацијата треба да биде доброволна, секој сам да одлучи дали ќе се вакцинира.

Македонија ќе добие вакцини за 400.000 луѓе. Ковакс договорот што го има потпишано земјава предвидува вкупно 833.000 дози од вакцината против болеста за 20 отсто од населението, бидејќи е потребно да се примат по две дози. Сепак, овие 833.000 дози нема да стигнат сите одеднаш, вели претседателката на Комисијата за имунизација д-р Александра Грозданова, туку со динамика и план согласно нашите капацитети, а според неа, првите дози реално би требало да се очекуваат во првото тромесечие (јануари-март) од следната година.

Остатокот од текстот прочитајте го на СДК.мк