ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА СЕПАК МОРА ДА СЕ ЗАКАЖЕ: Термините ќе почнуваат од петок

5

Вакцинацијата на децата од 12 до 16 години сепак ќе мора да се закажува на страницата www.vakcinacija.mk, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој беше во посета на во поликлиниката Шуто Оризари, каде и таму беше отворен вакцинален пункт.

-Ова мора да биде така, бидејќи она што е важно е дека во една вијала на вакцината на Фајзер има шест дози, што значи дека кога ќе се отвори треба да се вакцинираат 6 деца. Затоа е потребно да се направат термини. Родителите ќе може да го направат пријавувањето до четврток, а од петок ќе почне вакцинацијата на младите од 12-до 16 години, рече министерот Филипче.