Валверде во понеделник добива отказ од Барселона?

6

Барселона синоќа загуби од Атлетико Мадрид со 2-3 во полуфиналето на шпанскиот Супер куп, иако на десет минути до крајот на мечот имаше водство од 2-1.

Поразот ја разниша атмосферата во Барселона, а најмногу се виде кај Лионел Меси кој разочаран замина во соблекувалната. По мечот на удар се најде тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде кој доживеа нов разочарувачки и срамен пораз.

Поразите од Рома и Ливерпул во Лигата на шампионите, раководството му ги прости, давајќи му нова шанса, но се чини дека работите се променија. Медиумите пренесуваат дека Валверде уште во понеделник може да добие отказ, бидејќи ја има изгубено довербата од раководството на клубот. Многу веруваат дека неговата епизода на „Камп ноу“ е завршена и дека овој пат нема да му биде дадена нова шанса.