Ванеса Брајант го тужи шерифот поради објавените фотографии од местото на несреќата на Коби

11

Ванеса Брајант покрена тужба против полицискиот оддел и шерифот Алекс Вилануева за фотографиите од местото на несреќата во кој загинаа нејзиниот сопруг и нивната ќерка.

Тужбата, која се однесува на душевна болка, нарушување на приватноста и небрежност, е поднесена пред Врховниот суд во Калифорнија.

Портпарол на обвинетиот изјавил дека засега немаат коментар, пренесува Вашингтон пост.

Од друга страна, во тужбата се наведува дека „непростливите постапки на одделот на шерифот и предизвикале на г-ѓа Брајант душевна болка и траума поради загубата на Коби и Џана“.

Да потсетиме, во март беше објавено дека членовите на полицискиот оддел во Лос Анџелес се обвинети за споделување фотографии од местото на несреќата, како и дека едниот се пофалил со фотографиите. Медиумите објавија дека им било наредено да ги избришат фотографиите, но не била покрената официјална истрага.

Им било кажано дека нема да претрпат никакви последици доколку ги избришат фотографиите.