Ван де Бек со месеци преговара со Реал, а ќе потпише со Јунајтед!

9

Холандскиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери на Ајакс, Дони ван де Бек, веќе со месеци преговара со Реал Мадрид. Малку недостасуваше минатиот преоден рок да биде и промовиран во дресот на „кралевите“. Сепак се чини, така барем велат последните информации од Островот дека тој ќе потпише за Манчестер Јунајтед.

Челниците на клубот од „Олд Трафорд“ охрабрени по ангажманот на Фернандеш и Игало, кои и тоа како им се погодија, го сакаат Ван де Бек, кој минатата сезона во ЛШ во дресот на Ајакс одигра фантастично, веќе контактирале со клубот од Амстердам. Се шпекулира дека Ајакс бара околу 55 милиони евра отштета.