Вардар моментално е најдобро рангираниот клуб од Македонија според УЕФА!

7

УЕФА ја објави листата на најдобрите клубови на сите времиња.

На веб страната на УЕФА е објавена листата на најдобри клубови на сите времиња во Лига на шампионите од почетокот на натпреварувањето, односно од 1955. година, уште кога натпреварувањето беше под друго име.

Првото место му припаѓа на Реал Мадрид, второто на Баерн, трето на Барселона, па следи Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан, Ливерпул, Бенфика, Порто и Топ 10 листата ја завршува Ајакс.

Најдобри клубови од мак-фудбалот моментално е Вардар кој е рангиран на 146. место, а по него следуваат Работнички (186), Шкендија (255), Слога Југомагнат (300), Силекс (342), Победа (387), Македонија ЃП (474) и Ренова (483).