Вашингтон го обезбеди последниот плејоф билет во источната конференција (ВИДЕО)

19

Кошаркарите на Вашингтон Визардс се последните патници во плејфот во источната конференција во НБА лигата.

Во завршната битка за осмата позиција или поточно во „плеј-ин“ фазата тие беа подобри од Индијана Пејсерс со 142-115 и сега во првата рунда во разигрувањето ги очекува пресметка со Филаделфија 76. Домашниот тим имаше две изворедни четвртити, втората и третата која ги реализираше со 36-23 и 48-31 со што се стекна со предност која беше недостижна за ривалот од Индијанаполис.

Бил даде 25 поени, Вестбрук на 18 кошеви придодаде 8 скокови и 15 асистенции, додека пак Хачимура беше автор на 18 поени.

На спротивната страна листата на стрелци ја предводеше Брогдон со 24 поени.

Парови за плејофот на Истокот:

Филаделфија-Вашингтон

Њујорк Никс-Атланта Хокс

Милвоки Бакс-Мајами Хит

Бруклин Нетс-Бостон Селтикс.