Вербалните напади, дел на изборните игри

60

Вербалните напади меѓу политичките опоненти се дел од изборните „игри“, но ова во теоријата на политичка комуникација треба да биде придружено со ветувања за реализација на новите проекти и идеи 

Дестан ЈОНУЗИ

Скопје, 5 Ноември Дефицитот на конкретни идеи и проекти доведува до артикулација на остар, дениргиран и навредлив вокабулар за политичкиот опонент, така оценуваат познавачите на политичките случувања во земјава, зборувајќи за грубиот и навредлив говор што политичките лидери го користат на нивните јавни настапи, се уште без да се објават и официјално предвремените парламентарни избори договорени за 12 април 2020 година. Аналитичарот Газменд Ајдини вели дека во отсуство на конкретни проекти, политичките лидери артикулираат вокабулар што содржи само критики. „Не дека е страна идејата за напаѓање на другиот во рамките на изборните „игри“, но тоа во теоријата на политичката комуникација треба да биде придружена со ветувања за реализација на новите проекти и идеи кои ќе бидат компетитивни со тие што ги ветувал или што ги ветува другиот.  Ова е и еден од главните причини за помал одѕив на изборите, особено во кампусот на албанскиот електорат. Острината во реторика во принцип може да го мотивира твојот гласач, но не и тие неопределени или неутрални, најмалку не да гласаат за вас. Тоа што е најважно, е ветувањето за реализирање на проекти кои ќе бидат реално решение на приоритетните проблеми на гласачите, нои во исто време, убедлив капацитет  на „ветувачот“ за нивно реализирање“, изјави Ајдини за весникот КОХА. Според него, еден од главните фактори во одлучувањето на гласачот на кого ќе му го даде довербата, освен конкретните ветувања, е и кредибилитетот во можноста за реализација на овие проекти и решенија од страна на политичката партија која ги ветува како такви во кампањата.

Од друга страна, новинарот и модераторот на емисијата „200“, Назим Рашиди, оценува дека дел од причината за ваква состојба е што политичките „битки“, претходно биле водени во областа на законодавството. “Тоа, реално дебатите ги доведувал во областа на аргументите. Затоа, требаше да се убедат политичките ривали за значајот на законските измени. Секако, дека потребата за законски измени нема да завршуваат, бидејќи општествата се динамични и барањата можат да се менуваат. Но, политичката реалност се изменил, а сега политичките „битки“ треба да се фокусираат кај реализацијата, кај спроведувањето на понудите. Тука се појавува проблемот или тука треба да се направи промена на начинот на мислењето. Партијците го имаат полесно да остануваат кај областа на  аргументите, дебатите, зборовите. Но, барањето на општеството е кај реализацијата.  Од чистењето на улиците и до отворањето на новите работни места. Од градењето на училиштата до зголемувањето на платите. Од борбата против сиромаштијата и до правата на секого. Но, тоа се прави со засукување на ракавите и со работа. И се додека притисокот од гласачите не се зголемува во маса, така што политиката се потресува, да  спроведува конкретни проекти, тогаш дебатите ќе остануваат само во областа на личните судири, тензиите меѓу партиите, дека така е полесно. Така, партиите ќе имаат можност да докажуваат кој ги пцуе повеќе ривалите, и ќе го имаат големиот луксуз да не ветуваат конкретни проекти. Така, луѓето ќе гласаат заради емоциите, а не врз основа на понудите, кој ќе им го подобрува животот “, изјави за весникот КОХА, Рашиди. Тој понатаму истакнува дека граѓаните треба да се внимателни, бидејќи подигнатите тонови, одат во полза, само на политичарите, на сите без исклучок, а не самите граѓани.

Инаку, новинарот Агрон Врангала, смета дека реториката на политичките партии за време на предизборната кампања, но и пред почетокот на кампањата, не е дека има некоја голема разлика од нивната  реторика за време на другиот дел на времето.

„Во суштина, нашите политичари не се грижат да имаат стратегија на комуницирање во нивните идеолошки ориентации. Тие зборуваат тоа што моментално им доаѓа на ум. Освен што не зборуваат за тоа што имаат да понудат, тие немаат што да понудат и кога зборуваат. Како последица, взаемно  се обвинуваат со еден вид на дискурс, кој освен тоа што е низок, понекогаш се чини премногу уморен. Политичката реторика го познава сарказмот и сатирата, но тие (политичарите), многу ретко го постигнуваат ефектот и тогаш кога не засмејуваат. Политичката класа во земјата има потреба за поминување во нова фаза на водење политиката. Разочарувачко за гласачите останува недостатокот на новите политички опции “, истакна Врангала. Правникот на европското право, Мухамер Пајазити, оценува дека би било добро да кампањата се фокусира на реалните барања на граѓаните, кои се однесуваат со животните услови, нивните права за работа, социјалната еднаквост, подобри услуги во здравство, образование, чиста животна средина, сообраќај, алтернативните извори на енергија и други области. „Иманентна потреба се чини и реформирањето на правосудниот систем за борба против големите риби кои ја ограбиле и заробиле државата. Но, има значење и начинот како да се отворат овие програми, затоа што многу политички партии земаат готови модели, копи паст, на европските партии и немаат човечки ресурси да ги образложат јасно и потоа да ги применуваат во пракса. Се надеваме дека граѓаните нема да се соочуваат повторно со политичари кои се преправаат кој е по патриота од другиот, а во суштина паметот им е само кај власта и личните и клански интереси. Останува да се види дали ќе има освестување на граѓаните за да се гласаат најдобрите програми, најдобрите листи на пратеници, а не празната реторика и фолклорните политики“, рече Пајазити.

Инаку, лидерите на парламентарните партии на последната средба во претседателската вила на Водно, се договорија за датумот на изборите –  12 април 2020 година. Според договорениот датум за предвремени избори, Собранието треба да се распушти најдоцна до 11 февруари 2020 година, додека според одредбите од Договорот од Пржино, 100 дена пред одржувањето на изборите, земјата ја води техничката влада, предводена од техничкиот премиер, додека на опозицијата и припаѓаат неколку министерски места, вклучувајќи и Министерството за внатрешни работи.