Веројатно економскиот пад од коронавирусот ќе биде полош од 2008 годинa

23

Шефот на Светската трговска организација Роберто Азеведо изјави дека проекциите покажуваат оти економскиот пад и загубите на работни места предизвикани од пандемијата на коронавирус ќе бидат полоши од рецесијата во 2008 година.

„Неодамнешните проекции предвидуваат економски пад и загуби на работни места полоши од глобалната финансиска криза пред десетина години“, рече генералниот директор Азеведо.

Тој додаде дека конкретните предвидувања сè уште не се достапни, но оти неговите економисти очекуваат „многу остар пад на трговијата“.