Верстапен: Првата титула во Ф1 е поемотивна

5

 

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави оти овогодишната титула во Формула 1 е „подобра и повредна“, но оти првата титула секогаш ќе биде „поемотивна“.

„Оваа година беше многу поинаква. Мислам дека оваа година бевме поконкурентни и повеќе уживавме во нашиот настап како екипа. Победивме и во конкуренција на возачи и конструктори, имавме многу победи како тим и би рекол дека оваа (титула) беше повредна и подобра. Меѓутоа, првата секогаш ќе биде поемотивна“, рече Верстапен на свеченоста на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) во петокот вечер во Болоња.

Верстапен (25) сезонава ја одбрани титулата освојувајќи 454 бодови, 146 повеќе од второпласираниот Шарл Леклер од Ферари.

Новата сезона во Ф1 стартува на 5 март со трката за Големата награда на Бахреин.