Весна Петрушевска го прослави својот 50 роденден: Пријателите на Бејби и направија волшебен роденден

71

Весна “Бејби“ Петрушевска е неуморна. Покрај редовните обврски во театарот стига да ја води својата актерска школа „Петрушевска“ за деца и младинци, да биде со своите мали пулени носител на снинањата на новото продолжение од култната серија за деца „Дајте музика“ и првата ситком серија за тинејџери „Гласна куќа“…

А,патем и да биде добра мајка и родител. како успева да ги „погаќа сите конци“ и притоа цврсто да ги држи во свои раце, само таа знае. како што знае да ги развесели сите околу себе, а најмногу своите деца, и тоа тогаш кога е највеселиот ден.

Роденденот е еден од најзначајните денови во животот на секој човек и треба навистина да се слави со сето срце. Тоа е и ден повод поради кои се собираат најблиските, најмилите пријатели, роднини… и причина плус зошто треба да се одбележи денот.

Па така 4 дена порано пријателите на Весна Бејби решија сепак да ја изненадат и да и го одбележат јубилејот.

Балони, цвеќе, торта со свеќички (од кои една вреди за 5 , оти поинаку на тортата нема да ги собере), кафеана, музика, тамбураши е дел од она што можеме да го видиме од фотографиите објавени кај Весна на социјалните мрежи.

Иако има уште четири дена до нејзиниот роденден, сепак пријателите на Весна – Бејби и направија волшебен роденден!

Меѓу гостите можеме да видиме и некои познати и популарни македонски лица, како Кролина Гочева со сопругот, уметникот Михаил Корубин и Никола Перевски попознат како Пере – „Нокаут“.