Ветеранот Линдзи Јакобелис го донесе првиот златен медал на САД од Пекинг

14

Линдзи Јакобелис (САД) триумфираше во сноубординг на Зимските игри во Пекинг. Петкратната светска шампионка Јакобелис конечно стигна до олимпиското злато кое недостасуваше во нејзината колекција. Тоа е и првиот златен медал за САД од Игрите во Пекинг.

36-годишната Американка, освојувачка на сребрен медал од Торино во 2006 година, поведе од почетокот на големото финале и не дозволи да биде претекната.