Вељаноски: Нема економска оправданост за пет потпретседатели на Собранието

9

Експретседателот на парламентот Трајко Вељаноски не го одобрува предлогот на актуелниот претседател Собранието да има пет потпретседатели. Тој преку соопштение напараво споредба колку претседатели имало во претходните парламентарни состави, но и во некои од европските земји.

Вељаноски наведува дека во време на претходната власт 2006-2008 година, 2008-2011 година, 2011-2014 година и во 2014-2016 година имало по три потпретседатели на Собранието.
Во двата мандата на актуелната власт се предложени по 5 потпретседатели.

Тој наведува примери во други држави. Така во САД – 435 пратеници – 1 потпретседател, Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели, Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели, Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели, Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели.

– Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија! Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието – смета Вељаноски.