Видал се правда: Не сакав да го бакнам грбот на Јувентус (ВИДЕО)

19

Интер синоќа со 2-0 го совлада Јувентус во големото италијанско дерби, а еден од хероите на домашниот тим беше Артуро Видал.

Чилеанецот го постигна првиот гол на натпреварот против својот поранешен тим. Сепак, фудбалерот од средниот ред ги налути навивачите на „нераѕурите“ откако се појавија видео-клипови како го бакнува грбот на Јувентус.

Видал се поздравуваше со Џорџо Кјелини и го бакна грбот на торинскиот тим.

Сепак, Чилеанецот вели дека не сакал да го бакне грбот, туку да му покаже љубов на Кјелини, кој е негов добар пријател.

„Никогаш не сакав да бакнам грб на поранешен тим“, напиша Видал на „Инстаграм“. „Тоа беше бакнеж за брат кој ми даде фудбал, со кој живеев прекрасни години и со кој многу се сакаме. Јас го почитувам мојот тим, моите навивачи и луѓето кои му доверија да ја бранам историјата на овој голем клуб. Ќе ја дадам душата за ова. Ајде Интер“, додаде Чилеанецот. .

Видал играше за Јувентус од 2011 до 2015 година.